• четврток, 04 јули 2024

Гвардиола: Се надеваме дека Халанд ќе биде подготвен за игра на крајот на месецот

Гвардиола: Се надеваме дека Халанд ќе биде подготвен за игра на крајот на месецот

Манчестер, 13 јануари 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, откри кога напаѓачот Ерлинг Халанд ќе може да игра.

- Неговото закрепнување бара време. Се надеваме дека ќе го имаме готов до крајот на месецот. Заздравувањето траеше малку подолго од првично планираното, го цитира „ББС“ Гвардиола.

Дваесет  и тригодишниот Норвежанец заработи повреда на ногата на натпреварот против Астон Вила (0:1) кој се одигра на 6 декември.

Претходно се дозна дека Халанд нема да игра во 21. коло со Њукасл и ќе го пропушти 9. меч по ред. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан