• недела, 22 декември 2024

Гвардиола: Сезоната предвреме за врши за Родри

Гвардиола: Сезоната предвреме за врши за Родри

 

Манчестер, 27 септември 2024 (МИА) – Актуелната сезона предвреме заврши за шпанскиот фудбалер од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, кој ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено минатата недела на натпреварот против Арсенал во Премиер лигата.

Информацијата денеска ја објави тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.

„Утрово беше опериран, за него сезоната заврши. Ќе биде подготвен за следната сезона“, изјави шпанскиот тренер на прес-конференција.

Родри минатата недела го осуди зголемувањето на бројот на натпревари по сезона поради последиците по здравјето на играчите, но и врз квалитетот на играта.

Шпанскиот фудбалер минатата сезона одигра вкупно 50 натпревари за клубот и осум за репрезентацијата со која ја освои титулата европски шампион. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан