• недела, 24 ноември 2024

Гвардиола одби да ја коментира својата иднина во Манчестер Сити

Гвардиола одби да ја коментира својата иднина во Манчестер Сити

Манчестер, 4 октомври 2024 (МИА) - Пеп Гвардиола остана цврсто отворен за својата иднина како менаџер на Манчестер Сити, поради шпекулациите дека тој наскоро би можел да замине бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезоната.

„Граѓаните“, кои се на второто место на табелата во Премиер лигата, со бод помалку од лидерот Ливерпул, повторно ќе играат без играчот од средниот ред Кевин Де Бруин кога ќе му гостуваат на Фулам в сабота.

-Нема да зборувам за тоа, кога ќе се случи, ќе се случи, рече Гвардиола за неговото заминување.

Шпанецот го бранеше клубот, кој е под истрага за наводно прекршување на правилата за финансиски фер-плеј, што потенцијално може да доведе до одземање поени, парична казна или испаѓање доколку биде прогласен за виновен.

-Јас сум дел од овој клуб, длабоко во моите коски, а најдобриот начин да го бранам клубот е да победувам на натпревари и да ја работам својата работа што е можно подобро, рече Гвардиола.

Навивачите се очајни да го задржат каталонскиот менаџер, а некои држат транспарент на стадионот Етихад со кој го молат да остане.

-Мора да ми ја донесат сметката, јас да платам за транспарентот, се пошегува Гвардиола. дс

Фото: Архива
 

 

 

Остани поврзан