• сабота, 18 мај 2024

Гвардиола: Мој сон е Силва и Вокер да ги продолжат договорите

Гвардиола: Мој сон е Силва и Вокер да ги продолжат договорите

Манчестер, 21 август 2023 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, го сподели своето мислење за можното продолжување на договорот со играчот од средниот ред Бернардо Силва и дефанзивецот Кајл Вокер.

 

- Ова ќе биде мојот сон! Искрено се надевам дека ќе се случи такво нешто. Од дното на моето срце, сакам ова да се случи, изјави Гвардиола за „BeanymanSports“.

 

Претходно 29-годишниот Португалец даде усна согласност за потпишување на нов договор со Манчестер сити.

 

Блиску до продолжување на договорот е и Вокер за кој беше заинтересиран Баерн Минхен. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан