• вторник, 16 април 2024

Гвардиола: Луѓето бараат премногу од Сити

Гвардиола: Луѓето бараат премногу од Сити

Манчестер, 19 февруари 2024 (МИА) - Манчестер Сити во дуелот во Премиер лигата против Брентфорд утре влегува со четири бода заостанување од лидерот Ливерпул, но менаџерот Пеп Гвардиола вели дека неговиот тим не е под дополнителен притисок дури и кога трката за титулата влегува во клучна фаза.

Сити, без пораз во последните девет првенствени натпревари, е трет на табелата со 53 бодови, четири помалку од лидерот Ливерпул и два помалку од Арсенал, но со натпревар помалку.

-Нема дополнителен притисок. Тензијата е иста на секој натпревар. Генерално, бевме повеќе од пристојни против Челси, но ги знам нашите стандарди - не е лесно да ги одржуваме долго време, но сепак го правивме тоа. Ако победевме со 3:0 против Челси, притисокот ќе беше ист за победа на следниот натпревар. Луѓето бараат премногу од нас, мораме да живееме со тоа, изјави Гвардиола.

Откако ја пропушти шансата да се искачи на врвот на табелата по ремито 1:1 на домашен терен против Челси во саботата, Сити може да се искачи на второто место со можна победа во одложениот натпревар против 14-то пласираниот Брентфорд, тим кој им го нанесе последниот пораз на домашен терен во ноември 2022 година.дс

Фото: Архива

 

 

Остани поврзан