• недела, 22 декември 2024

Томас Бах беше реизбран за член на МОК

Томас Бах беше реизбран за член на МОК

Париз, 24 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах беше реизбран за член на организацијата со мандат од осум години.

Одлуката е донесена на 142. седница на МОК што се одржува во Париз. 93 од 95 членови на Извршниот комитет гласаа „за“ реизбор на Бах, двајца беа воздржани.

Седумдесет годишниот Бах првпат беше избран за член на МОК во 1991 година, а во 1996 година се приклучи на Извршниот комитет на организацијата. На 10 септември 2013 година е избран за претседател на МОК, по што е реизбран во 2021 година.

Томас Бах е олимписки шампион од 1976 година во мечување.дс

Фото: Архива

Остани поврзан