• четврток, 16 мај 2024

Гвардиола и Родри незадоволни од ремито со Челси

Гвардиола и Родри незадоволни од ремито со Челси

Манчестер, 18 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, имаше забелешки за настапот на неговиот тим во првото полувреме од натпреварот со Челси. 

Дербито на „Етихад“ заврши нерешено 1:1, а израмнувачкиот гол на домаќините дојде доцна во вториот дел.

- Одигравме неверојатно во второто полувреме. Првиот дел не бевме на познатото ниво, но игравме против екипа против која треба да бидете на ниво цели 90 минути, а не само едно полувреме, прокоментира Гвардиола.

Во меѓувреме, Родри, кој го постигна израмнувачкиот гол за Сити, ја критикуваше дефанзивната игра на тимот, но ги критикуваше и судиите на натпреварот.

- Кога се браните така, не можете да земете повеќе од таков натпревар. Немавме добро прво полувреме. Примивме уште еден лесен гол. Мора да се браниме подобро - мора да бидеме искрени со себе. Не сакам да зборувам за судијата, но не се сеќавам на натпревар со толку многу ВАР проверки, а ниту една да не оди во наша корист, додаде тој.дс

Фото: Фејсбук/Манчестер сити

Остани поврзан