Гвардиола ги пофали играчите на Манчестер сити за нивниот одличен настап против Ливерпул
- Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го пофали настапот на својот тим на домашниот натпревар против Ливерпул во 11. коло од англиската Премиер лига.
Манчестер, 10 ноември 2025 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го пофали настапот на својот тим на домашниот натпревар против Ливерпул во 11. коло од англиската Премиер лига.
Натпреварот заврши 3:0 во корист на „Граѓани“. Ерлинг Халанд, Нико и Жереми Доку ги постигнаа головите за Манчестер сити.
- Многу добро прво полувреме, но противникот го засили интензитетот во второто. Малку заборавивме на нашата игра, особено во првите пет до десет минути по паузата. Почнавме да ја губиме топката, а тимаа неколку шанси. Севкупно моите фудбалери изгледаа одлично, покажаа добро темпо со топката и високо ниво на организација во одбраната, рече Гвардиола за „Би-би-си“.
Манчестер Сити го доби четвртиот последователен натпревар во сите натпреварувања и се искачи на второто место во Премиер лигата со 22 бода.
Следниот натпревар на тимот од „Етихад“ е на 22 ноември против Њукасл. зс/
Фото: ЕПА