• среда, 18 декември 2024

Гаши: Алтернатива ќе отвори канали за комуникација со сите други политички субјекти

Гаши: Алтернатива ќе отвори канали за комуникација со сите други политички субјекти

Тетово, 15 март 2023 (МИА) - Партијата Алтернатива денеска во Тетово одржа седница на централното претседателство и трибина со членовите, симпатизерите и граѓаните. Според претседателот на партијата Африм Гаши, сега како опозициска партија ќе имаат повеќе време за своите гласачи на вакви средби, а на централното претседателство е одлучено да се разгледаат можностите за соработка со сите партии.

- Алтернатива како опозициска партија се враќа кон своите гласачи. Во контакти дава отчет за тоа што  сработила за една година како дел од власта, ги организираме гласачите за наредниот предизвик, наредните избори, се среќаваме со нашите гласачи. Бевме во Куманово, денеска сме во Тетово, а ќе одиме во Скопје и во Струга на крај и ќе продолжиме со активности за реорганизирање на партијата, зацврстување на нашите органи и тела, за посилно и поунифицирано да настапиме на следните избори, истакна Гаши.

Околу прашањето дали ќе поддржи да има предвремени избори, Гаши со став дека за Алтернатива, тоа нема да биде главна агенда.

- Тоа оди со консензус на сите актери, јас мислам дека не треба да инсистираме, една партија или повеќе, кога да се оди на избори, јас сум бил поборник и така се случувало, да одиме на избори кога сите се подготвени и кога ќе го прифатат тој предизвик. Нормално дека, како опозициска партија, сакаме да бидат што побргу, но нема да инсистираме, нема да ни биде главна агенда, ќе настапиме со нашите органи, ќе ја зацврстиме партијата и ќе видиме дали ќе можеме да отвориме канали за соработка со другите политички партии. Денеска имавме централно претседателство и одлучивме да отвориме канали за комуникација со сите други политички субјекти. Нормално, партијата и јас како претседател, ќе се ориентираме со кого можеме да настапиме заедно, дали можеме да се согласиме, но партијата е отворена за комуникација со сите партии, нагласи Гаши во изјава за новинарите пред средбата со граѓаните.

На средбата со граѓаните се обратија повеќе партиски функционери. ас/бд/

ФОТО: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан