• четврток, 04 јули 2024

Гасперини за дуелот со Наполи: Пред почетокот на сезоната никој не мислеше дека тоа ќе биде натпревар на двете водечки екипи

Гасперини за дуелот со Наполи: Пред почетокот на сезоната никој не мислеше дека тоа ќе биде натпревар на двете водечки екипи
Бергамо, 5 ноември 2022 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини го сподели своето мислење за претстојниот натпревар против Наполи во 13. коло од италијанското првенство. - Работиме добро, тимот има добро расположение и пријатна средина. Местото во табелата е погодно за ова. На почетокот на сезоната беше тешко да се замисли дека тоа ќе биде меч на лидерот и второпласираниот во поредокот. Резултатот на Наполи во Лигата на шампионите во многу тешка група и против најсилните тимови, е уште поголема отколку во лигата. Ние треба да направиме нешто посебно за да го добиеме натпреварот. Ќе биде важно да не им се даде простор на нивните брзи играчи, но во исто време ќе мора да одиграме претпазливо, изјави Гасперини пред натпреварот. Натпреварот Аталанта – Наполи ќе се игра вечер од 18 часот во Бергамо. По 12 кола во Серија А, Наполи е лидер на табелата со 32 бода, Аталанта има 27, Милан 26, Рома 25,.... зс/

Остани поврзан