• недела, 22 декември 2024

Гасперини: Заслуживме нешто повеќе од реми со Интер

Гасперини: Заслуживме нешто повеќе од реми со Интер
Бергамо, 17 јануари 2022 (МИА) - Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не е во целост задоволен од нерешениот исход синоќа во дербито со Интер. Во натпреварот од 22. коло на италијанското првенство Аталанта и Интер во Бергамо одиграа нерешено, 0:0. - Игравме многу добро. Беше тежок натпревар, но со нив игравме рамноправно. Мислам дека направивме малку повеќе од нив, бидејќи Интер седеше многу длабоко и чекаше да направиме грешка за да ги пробие нашите редови. Користеа двајца нови напаѓачи и мислам дека генерално заслужуваме нешто повеќе, изјави Гасперини. Интер е прв на табелата во Серија А со 50 бодови,  додека Аталанта е четврта со 42 бода. зс/

Остани поврзан