• петок, 22 ноември 2024

Гасперини: Аталанта не може да ја започне сезоната со шампионски амбиции, постои јасен економски диспаритет меѓу клубовите

Гасперини: Аталанта не може да ја започне сезоната со шампионски амбиции, постои јасен економски диспаритет меѓу клубовите
Бергамо, 9 мај 2021 (МИА) – Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини зборуваше за тоа дали тимот може да стане шампион следната сезона. - Скудетото е тешко за клуб како Аталанта. Резултатите што ги покажуваме во лигата се секогаш исти. Постојат јасни економски нееднаквости меѓу клубовите. Целта на Аталанта е секогаш да се подобрува. Поради сегашните економски механизми, никогаш нема да можеме да ја започнеме сезоната со цел да ја освоиме Серија А, изјави Гасперини. Во тековното првенство, Аталанта се наоѓа на второто место на табелата со 72 бода од 35 натпревари. зс/

Остани поврзан