• сабота, 23 ноември 2024

Гави постави рекорд со тоа што стана најмладиот играч во шпанската репрезентација

Гави постави рекорд со тоа што стана најмладиот играч во шпанската репрезентација
Мадрид, 11 ноември 2022 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Гави, повикан во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство во Катар, стана најмладиот фудбалер во историјата на националниот тим кој ќе учествува на Мундијал, објави „Марка“. Претходниот рекордер беше Сеск Фабрегас, кој беше повикан на Светското првенство во Германија во 2006 година еден месец по неговиот 19-ти роденден. Осумнаесетгодишниот Гави се приклучи на Барселона во 2021 година. Неговиот сегашен договор со клубот, кој го обнови во септември, трае до 2026 година. Во сезоната 2022/23, шпанскиот играч од средниот ред забележа 14 настапи за тимот предводен од Чави во шпанското првенство. зс/

Остани поврзан