ПСВ Ајндховен ја освои третата последователна титула во холандското првенство
- Фудбалерите на ПСВ Ајндховен се старо-нови шампиони на Холандија. Тие го обезбедија трофејот за сезоната 2025/26.
Ајндховен, 5 април 2026 (МИА) – Фудбалерите на ПСВ Ајндховен се старо-нови шампиони на Холандија. Тие го обезбедија трофејот за сезоната 2025/26.
Ова следува по нерешениот резултат 0:0 помеѓу Феенорд и Волендам во 29-то коло од холандското првенство.
Со 54 бода, клубот од Ротердам ја изгуби шансата да го стигне ПСВ Ајндховен (71 бод) на пет кола до крајот.
ПСВ Ајндховен ја освои титула по трет пат по ред. Ова е 27-мо освоено првенство во историјата на клубот.
Воедно, ПСВ е втор по број на шампионски титули во Холандија. Пред него е само Ајакс, кој останува рекордер со 36 титули. зс/
Фото: ЕПА