• петок, 21 февруари 2025

Вчера 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Вчера 262 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Скопје, 19 февруари 2025 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09:30 до 18:30 часот беше спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, при што санкционирани се 262 учесници во сообраќајот, соопшти МВР.

Од нив 10 возачи управувале без возачка дозвола, изречени се три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на  обележан пешачки премин, четири санкции за возач почетник, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелиера до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот и за посигурни патишта.  

Остани поврзан