• сабота, 14 декември 2024

Вучиќ: САД ќе воведат санкции против НИС поради поради руската сопственост

Вучиќ: САД ќе воведат санкции против НИС поради поради руската сопственост

Белград, 14 декември 2024 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави дека за неколку дена САД ќе воведат санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) поради руската сопственост на компанијата, а на санкциите ќе им се придружат и Британците, пренесува Бета.

Вучиќ во гостување на РТС рече се уште не го видел официјалниот документ со кој САД воведуваат санкции против НИС, но дека преку „официјален канал“ бил информиран дека тоа ќе се случи на 1 јануари.

Српскиот претседател оцени дека мајавата за санкции доаѓа во тежок момент, но дека владата на Србија ќе разговара со САД и Русија и ќе се потруди да одржува добри односи со двете земји.

На прашањето дали одлуката Белград да воведе санкции кон Москва нешто ќе промени, Вучиќ рече дека не е подготвен да разговара за тоа и дека Србија ќе продолжи да води „принципиелна политика“.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан