• петок, 22 ноември 2024

Вучиќ и Херцог раговараа за потпишување на Договор за слободна трговија

Вучиќ и Херцог раговараа за потпишување на Договор за слободна трговија

Белград, 11 септември 2024 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со израелскиот претседател Исак Херцог денес во Белград изјави дека е горд што во Србија нема изливи на антисемитизам. На средбата е разговарано за потпишување на Договор за слободна трговија. Исак Херцог порача дека Израел е во борба и порача дека целиот свет треба да се спротивстави на теророт, јави дописникот на  МИА од Белград.

-Денеска разговаравме за сите важни прашања за меѓусебната соработка на нашите две земји и за тоа што се договоривме, а ќе видите подоцна и по нашата голема и важна средба поврзана со иновациите, технологијата, вештачката интелигенција, ИКТ секторот, потпишувањето на неколку договори. За нас е исклучително важно што поскоро да склучиме договор за слободна трговија со Израел, рече Вучиќ во своето обраќање.

Тој истакна дека е горд што во Белград и во Србија нема изливи на антисемитизам и дека еврејската заедница се чувствува безбедно, како и сите гости спортисти и културни работници.

-Денеска го информирав претседателот Херцег за се што се случува на Косово и Метохија и зборував за потребата да се почитува меѓународното јавно право, Повелбата на ОН ...зборувавме за тоа, исто како што претседателот Херцег ме запозна со ситуацијата во Израел и Блискиот Исток во целина и многу внимателно го слушав, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека со Херцог разговарале и за војната во Европа, Украина и Русија, како и дека му се заблагодарил на Израел што не ја поддржал резолуцијата за Сребреница за време на гласањето во ОН, а на претседателот на Израел му порачал дека Евреите се пријателски народ на Србите.

Вучиќ по средбата со Херцог изјави дека со него разговарал и како да се обиде да го спаси животот на израелскиот и српскиот државјанин Алон Охел.

Претседателот на Израел Исак Херцог изјави дека за жал Израел е во борби и порача дека целиот свет треба да застане против теророт. Тој се заблагодари за искрениот пречек.

-Можеме да се потсетиме на моментите кои ги прживеавме заедно, го осудивте киднапирањето заложници од страна на Хамас, рече Херцог и посочи дека двете земји имаат бескрајни можности за соработка.

Израелскиот претседател Исак Херцог му се заблагодари на претседателот Вучиќ за неговото емотивно спомнување на израелските заложници. Тој ја покани мајката на Алон Охел да се фотографира со нив.

Алон Охел, млад човек кој има двојно српско-израелско државјанство, е еден од заложниците што Хамас ги држи во Газа речиси една година. Како талентиран пијанист, тој беше киднапиран од музички фестивал во октомври, само неколку недели пред да планираше да ја посети Србија. об/

Остани поврзан