• четврток, 28 март 2024

Вучиќ во Италија на средба со Ковачевски и Рама во рамки на Отврен Балкан

Вучиќ во Италија на средба со Ковачевски и Рама во рамки на Отврен Балкан

Белград, 1 април 2023 (МИА) - Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, на 2 и 3 април 2023 година ќе ја посети Република Италија, каде што ќе се сретне со премиерот на Република Албанија, Еди Рама, и со премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, како дел од иницијативата за соработка Отворен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштението од кабинетот на српскиот претседател Вучиќ, по средбата тројцата лидери ќе го посетат Меѓународниот саем за вино VINITALY 2023 во Верона и заедно со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија, Антонио Тајани, ќе го посетат заедничкиот штанд на кој бројни излагачи од земјите членки на иницијативата Отворен Балкан ќе ги претстават своите вина.

Вчера премиерот Димитар Ковачевски на прес конференцијата во Белград ја најави посетата на лидерите на трите држави на најголемиот светски саем за вино Винитали во функција на унапредување на економиите и зголемување на меѓународниот рејтинг на трите држави.

-Во недела, претедателот Вучиќ и премиерот Еди Рама заедно ќе бидеме присатни во Италија на најголемата светска винска саемска манифестација Винитали на кој ќе имаме штанд Винска визија Отворен Балкан на која ќе се престават најдобрите винарии од нашите три држави и кои што ќе значат зголемување на производството и на извозот на овој значаен производ и за Северна Македонија и за Србија, изјави Ковачевски.об

Остани поврзан