• среда, 24 април 2024

Времено затворен регионалниот пат Крива Паланка-село Огут

Времено затворен регионалниот пат Крива Паланка-село Огут
Крива Паланка, 7 јуни 2022 (МИА) - Од денеска поради изведба на градежни активности, регионалниот патен правец Крива Паланка- село Огут е времено затворен и протокот на возила во двата правци ќе биде контролиран во работните денови и сабота. - Од денеска, 7 јуни 2022 година, започнаа градежните активности за рехабилитација на патниот правец R2245, Крива Паланка кон село Огут, поточно на делот од селото Габар до м.в. Метежевски Преслап. За таа цел патниот правец ќе биде затворен или со контролиран проток на моторни возила за жителите кои гравитираат кон селата Габар, Метежево, Огут и Нерав во период од девет часот до шеснаесет часот од понеделник до сабота во претстојниот период, информираа од службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка. ид/цр

Остани поврзан