• петок, 27 декември 2024

Вредноста на медиумската компанија на Доналд Трамп се намали за четири милијарди долари

Вредноста на медиумската компанија на Доналд Трамп се намали за четири милијарди долари

Вашингтон, 2 април 2024 (МИА) - Акциите на медиумската компанија „ТМТГ“ на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, која првпат се појави на њујоршката берза Насдак на 25 март, паднаа за 21 отсто на 48,66 долари.

Вредноста на акциите на компанијата „ТМТГ“ падна за 39 отсто во однос на максимумот од 79,38 долари по акција што беше постигнат на 26 март. Компанијата загуби четири милијарди долари од пазарната вредност за една недела откако излезе на берзата, пренесува Си-Би-Ес.

Во поднесокот до Комисијата за хартии од вредност компанијата наведе дека има зголемени загуби кои, според нејзиниот сметководител, „фрлаат сомнеж во способноста на фирмата да продолжи со непречено работење“.

Цените на акциите се уште се повисоки отколку пред неодамнешното спојување на Digital World Acquisition со компанијата на Трамп TMTG, која стои зад мрежата Truth Social. Ова спојување и овозможи на новата компанија да излезе на берзата под ознаката „DJT“, што се иницијали на Трамп. Поранешниот американски претседател, кој поседува 57 отсто од новата компанија, „на хартија“ загуби 2,5 милијарди долари поради падот на вредноста на акциите. Неговиот удел сега е во вредност од 3,8 милијарди долари, по минатонеделниот врв од 6,3 милијарди долари. ссм/

фото: архива

Остани поврзан