„Вреди“: Фронтот на коцкањето се заканува зашто ќе изгуби
- СООПШТЕНИЕ: По заканата за тужба што ни ја упати Државната лотарија на РСМ, каде директор е десната рака на Артан Груби, неговиот поранешен помошник Перпарим Бајрами, откако го покренавме прашањето за јавни набавки за апарати за казино и столови за казино, набавки кои се сè уште активни во текот на оваа кампања,
Скопје, 13 април 2024
По заканата за тужба што ни ја упати Државната лотарија на РСМ, каде директор е десната рака на Артан Груби, неговиот поранешен помошник Перпарим Бајрами, откако го покренавме прашањето за јавни набавки за апарати за казино и столови за казино, набавки кои се сè уште активни во текот на оваа кампања,
Денеска сакаме да повториме пред вас дека нема сила што ќе не оттргне од нашиот пат да го демаскираме секој криминал што сте го направиле во оваа институција.
Да одиме по ред,
Во јавниот оглас со број 05983/2024 и 05801/2024, тендери кои се отворени на 28.03.2024, односно 29.03.2024 година, може да се види постапката за набавка на 2100 апарати за казино и 2000 столчиња за казино, каде според пресметката на цените од тендерите во минатото, износот на овој тендер ќе достигне над 23 милиони евра.
Овој тендер е отворен од НОВО ВЛТ, каде доминантен сопственик е Државната лотарија РСМ.
Понатаму, ексклузивно пред јавноста ги откриваме членовите на одборот на НОВО ВЛТ, каде членуваат најблиските луѓе на казиноменот Артан Груби.
Одиме по ред: Перпарим Бајрами, директорот на Државната лотарија на РСМ, еве ја неговата фотографија со казиноменот Артан Груби.
Артин Спахиу, шеф на огранокот на ДУИ во Дебар и член на централното раководство на ДУИ, близок пријател на Артан Груби. Еве ја неговата фотографија со казиноменот Артан Груби.
Омер Буњаку, советник во кабинетот на Артан Груби и негов близок пријател. Еве ја неговата фотографија со казиноменот Артан Груби.
Да потсетиме, само за овој 4-годишен мандат на Груби како прв вицепремиер, над 76 милиони евра пари на граѓаните, кои секојдневно се соочуваат со финансиски проблеми, отидоа во валканиот бизнис со казината. 76 милиони евра! Замислете колку училишта, колку градинки, колку амбулантни возила, колку здравствени интервенции, колку спортски сали, колку земјоделски субвенции би можеле да се дадат со овие пари.
Прашуваме, во чии џебови завршуваат овие фрапантни суми пари?
Прашуваме зошто сите најблиски луѓе на Артан Груби се вклучени во бизнисот со казината?
Никакви закани нема да не спречат да го откриеме злосторството што сте го направиле.
По 24 април и 8 мај ништо нема да биде исто. Секој што сторил кривично дело ќе одговара пред надлежните институции.
ПРОМЕНАТА ДОАЃА, ПРОМЕНАТА ВРЕДИ.
Коалиција „Вреди“
фото: МИА архива
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.