• четврток, 21 ноември 2024

Во 2022 година одбиени 26,29 отсто баратели од Северна Македонија за виза во САД

Во 2022 година одбиени 26,29 отсто баратели од Северна Македонија за виза во САД

Скопје, 17 септември 2023 (МИА) - На официјалната веб-страница на американскиот Стејт департмент се објавени податоци за процентот на одбиени барања за виза за САД во 2022 година. Во објавената статистиката по држави од кои се примени барањата, се наведува дека лани биле одбиени 26,29 отсто од барањата од апликанти од Република Северна Македонија.

Во официјалниот документ се наведува дека речиси 20 отсто барања за виза за САД биле одбиени од Босна и Херцеговина, 5,56 отсто од Хрватска, 13, 47 отсто од Словенија, 19,45 отсто од Србија, 17, 93 од Косово, 27,55 од Албанија и 34 отсто од Црна Гора.   

На објавениот список има и земји со нула проценти односно на оние на кои не им било одбиено ниту едно барање или дури не побарале виза. Тоа се Андора, Сан Марино, Северна Кореја, Монако и Маршалските Острови.

Од барањата за виза за САД биле одбиени и 3,66 отсто од Аргентина, Австрија– 6,97 отсто, Барбадос 6,55 отсто, Брунеи 5,41 отсто, Швајцарија 3, 05 отсто, Папуа Нова Гвинеја 4,93 отсто, Гватемала 5,45 отсто, Исланд 3, 24 отсто, Израел 2,27 отсто, Тајван 4,56 отсто.

Единствената земја на која се одбиени сите барања за американска виза е Микронезија со 100 отсто, а потоа следи Мавританија со 89 отсто.

Меѓу земјите со висок процент на одбиени визи се Сенегал со 66 отсто, Авганистан 52 отсто, Бурунди 69 отсто, Канада 58 отсто, Чад 69 отсто, Куба 56 отсто, Џибути 74 отсто, Науру 66 отсто, Гвинеја Бисао 61 отсто, Иран 54 отсто, Руанда 62 отсто, Јемен 56 отсто... цр/

Фото:принтскрин

Остани поврзан