• петок, 02 јануари 2026

Во Јемен ќе биде почне „мирна операција“

Во Јемен ќе биде почне „мирна операција“

Сана, 2 јануари 2025 (МИА) – Гувернерот на јужниот јеменски регион Хадрамута, кој има поддршка од Саудиска Арабија, денеска изјави дека ќе биде почне мирна операција“ за враќање на воените позиции, заземени од сепаратистите, кои имаат поддршка од Обединети Арапски Емарати.

Јеменските сепаратисти од Јужниот преоден совет (СТЦ) минатиот месец зазедоа голема територија во провинциите Хадрамаут и ал Махра, кои заедно сочинуваат околу половина од територијата на Јемен. Саудиска Арабија тоа го оцени како закана не само по безбедноста на Јемен, туку и на регионот.

На 30 декември шефот на Претседателскиот совет за лидерство на Јемен, Рашад ал Алими прогласи 90-дневна вонредна состојба и нареди во рок од 24 часа да се повлечат трупите на Обединетите Арапски Емирати од јеменска територија, поради нивната поддршка на сецесионистички сили на југ, наречени Јужен преоден совет (СТЦ).

Со декретот на ал Алими се поништува одбранбениот договор меѓу Јемен и ОАЕ, според кој тие се бореа заедно против бунтовниците Хути, поддржани од Иран, во долгогодишната граѓанска војна во Јемен. Тој исто така нареди затворање на сите пристаништа и гранични премини во Јемен во рок од 72 часа.

И Министерство за надворешни работи на Саудиска Арабија побара повлекување на војниците на ОАЕ од Јемен и Абу Даби да ги запре сите форми на воена и финансиска поддршка за „локални актери“.

Саудиска Арабија ги обвини ОАЕ дека вршат притисок врз силите на СТЦ да почнат воени операции во близина на јужната граница на Саудиска Арабија.

ОАЕ тврдат дека доброволно е прекината мисијата на единици за борба против тероризмот во Јемен.

Амбасадорот на Саудиска Арабија, Мохамед ал Џабер денеска изјави дека лидерот на Хутите, Аџдару ал Зубаиди, кој исто така има поддршка од ОАЕ, вчера не дозволил авион на саудиската делегација да слета на аеродромот во Аден.

Тоа е уште една причина за продлабочување на тензиите меѓу Саудиска Арабија и ОАЕ.

СТЦ се бори за независност за јужен Јемен. Лидерите на СТЦ го отфрлија ултиматумот за повлекување на ОАЕ како едностран и без правна основа, инсистирајќи дека Емиратите остануваат „главен партнер“ во борбата против Хутите.

Припадниците на СТЦ претходно заедно се бореа заедно со владата против Хутите, но, последниве години ја презедоа контролата врз Аден и големи делови од југот, продлабочувајќи ги поделбите во земјата.

Јеменските владини сили поддржани од Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, и бунтовниците Хути, поддржани од Иран се борат за превласт од 2014 година. Хутите контролираат големи делови од земјата, вклучително и Сана, каде што Хутите ги воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден. Во конфликтот загинаа повеќе од 150.000 луѓе. Судирите доведоа до една од најлошите хуманитарни кризи во светот. ми/ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан