• петок, 26 јули 2024

Во „Јавна соба“ вечер ќе биде отворена ликовната изложба „Еден наставник и многу ученици“

Во „Јавна соба“ вечер ќе биде отворена ликовната изложба „Еден наставник и многу ученици“

Скопје, 29 мај 2024 (МИА) - Во „Јавна соба“ вечерва во 18 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Еден наставник и многу ученици“.

Организатор на изложбата е Едукативниот Центар за класична ликовна уметност „Да Винчи“, предводен од уметницата Викторија Егорова.

Како што информираат организаторите, Центарот направила селекција на делата на учениците и се создала богата изложба со над 150 дела, преку кои ќе се претстават 50 ученици автори, на возраст од 5 до 55 години.

Изложбата ќе остане поставена во просториите на „Јавна соба“ една седмицa. Влезот за посетителите е слободен. фф/ац/

Фото: Едукативен Центар за класична ликовна уметност „Да Винчи“

Остани поврзан