• сабота, 06 декември 2025

Во Штип се реконструира улицата „Првомајска“

Во Штип се реконструира улицата „Првомајска“

Штип, 18 јуни 2025 (МИА) – Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов денеска најави дека почнаа градежните активностите за целосна рекострукцијата на улицата „Првомајска“. Во текот на наредните денови, екипите на ЈП „Исар“ ќе работат на промена на водоводната линија, како и санација на дел од фекалната канализација. Станува збор за потешко пристапна улица и заради тоа апелираше на трпение од страна на жителите додека се извршуваат активностите на терен.

-Промена на водоводната линија, санирање на дел од фекалната канализација, а веднаш потоа и асфалтирање на оваа улица, која практично се наоѓа веднаш зад гимназијата „Славчо Стојменски“. Активностите се предвидени да траат со недели заради конфигурацијата на теренот. Замолувам за трпение од страна на жителите, изјави Јорданов.

Улицата се реконструира по барање на жителите од овој дел од градот. Ќе се промени водоводната линија во должина од 260 метри, а од страна на општината се издвоени околу 1,3 милиони денари.

Освен на улицата „Првомајска“ во Штип се работи и на други локации и улици меѓу кои и улицата „Пиринска“. Јорданов најави дека во наредниот период ќе се реконструираат улици со цел подобрување на патната инфраструктра. вдј/мд/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан