• сабота, 13 декември 2025

Во Штип работилница за меѓуврсничко насилство

Во Штип работилница за меѓуврсничко насилство

Штип, 14 октомври 2025 (МИА) - Појавата на меѓуврсничко насилство е се почеста кај учениците. Според универзитетските професори кои на оваа тема работат и истражуваат веќе десетина години велат дека интензивно се говори за булингот и како да се спречи меѓу учениците.

Татјана Стојаноска-Иванова професор на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“(УКИМ)-Скопје посочи дека дигитализацијата и интернетот е една од причините за булинг меѓу врсниците. Во Општина Штип тим од универзитетски професори имаа работилница со наставниците и воспитувачите во основните и средни училишта и детските градинки.

Стојаноска-Иванова вели дека родителите, но и наставниците ја имаат клучната улога кога станува збор за булинг кај децата.

-Многу малку се посветува внимание на воспитниот процес, а тоа е круцијалниот. Зашто децата денеска снимаат, кога се случува насилство, а не помагаат. Затоа што емпатијата е изгубена. Затоа што развиваме егоисти, индивидуалци, тоа се наметнува и во самато општество. Треба да се врати доброто родителство, бидејќи не ни е оправдание трката по работа, рече Стојаноска Иванова.

Универзитетскиот професор, Софија Георгиевска од Филозофскиот фактет при УКИМ-Скопје, вели булингот е неизоставен дел и со менталното здравје. Тој не застанува само во училиштето или надвор од него, туку тогаш почнува, а продолжува дома.

-Детето кога ќе дојде дома сфаќа колку може да развие анксиозност, депресија, осаменост, тага, да западне во ситуација, каде ќе се чувствува несреќно, тажно и осамено и не само детето, кое е жртва на насилство, дури и оние кои се неми сведоци, не знаат како да постапат во дадената ситуација, се оние кои се плашат некогаш да пријават, затоа што насилникот е многу помоќен од нив. Но, јас би рекла дека и насилникот е оној, кој има проблеми со менталното здравје, рече Георгиевска.

Случаи на булинг се забележуваат и во осоновните училишта во Штип. Во ООУ „Ванчо Прќе“- Штип бројката е различна секоја година, но тенденција е истата да се намалува. Директорот на ООУ „Ванчо Прќе“, Кокан Радев вели затоа се преземаат соодветни мерки и активности, разботилници со цел да се подигне свеста кај децата и да не се случува меѓуврсничкото насилство.

-Зависи од степенот и видот на насилството се преземаат соодветни мерки. Дел од мерките се повикување на жртвата и на насилниците. Се прават работилници во континуитет. Во училиштето постои тим за превенција од насилство, изјави Радев.

Универзитетските професори нагласија дека само со партнерско и мулитисекторско работење може да се прекине насилството. Токму затоа треба и да се работи на национална Стратегија, која ќе подразбира од истражување до препознавање и превенција, со цел  да не се случува меѓуврсничко насилство, заклучи Стојановска-Иванова. Денешната работилница е во организација на Општина штип, а на неа присуствуваа наставници од основните и средни училишта и воспитувачи од детските градинки во Штип. вдј/бк/

Фото: МИА 

Остани поврзан