• недела, 06 октомври 2024

Во Штип прва работилница „Соработката на Локалната Самоуправа со Народниот правобранител и придобивките од децентрализацијата на граѓаните“

Во Штип прва работилница „Соработката на Локалната Самоуправа со Народниот правобранител и придобивките од децентрализацијата на граѓаните“

Штип, 13 септември 2023 (МИА) - Во Штип денеска почна првата работилница на тема „Соработката на Локалната Самоуправа со Народниот правобранител и придобивките од децентрализацијата на граѓаните“.

Народниот правобранител Насер Зибери, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалникот на Општината Штип, Иван Јорданов се обратија на денешната работилница.

Зибери вели дека соработката со одредни општини е солидна, кога станува збор за претставките од страна на граѓаните.

-Ова ќе биде проект, којшто ќе ги прошири активностите и во останатите општини. Првата какошто реков е во Штип. Длабоко сум убеден дека Штип како еден регионален центар кон кој гравитираат голем број на населени места и институции кои функционираат во рамките на Општина Штип и општините околу него имаат што да кажат, да ги изнесат своите проблеми, но и ние да ги презентираме нашите проблеми, преку претставките кои доаѓаат во канцеларијата на Народниот правобранител во Штип, вели Зибери.

Посочи дека еден период канцеларијата на Народниот правобранител во Штип не е комплентирана кадровски, но во изминатите месеци почнала да работи  со една поголема динамика и да се зголемуваат  бројот на претставки од сите области, кои се во надлежност на Народниот правобранител. Зибери е убеден дека низ дискусијата на денешната работолница ќе излезат интересни детали околу проблемите, но и сугестии, идеи за  решавање на проблемите.

-Поголем број на претставките доаѓаат од општините од град Скопје, но тука не изостануваат други општини Охрид, Битола, Штип, а областите се од различен домен. Одредени општини имаат свои карактеристики, какошто беше истакнато на дискусиите Општина Охрид се истакнува со наплатата на данокот на имот и другите давачки за кои граѓаните се жалат дека се многу повисоки и често пати ги повредуваат нивните права и интереси, односно не се почитуваат постапките за истиот. Во Општина Штип и Битола, како најкарактеристично ги издвоивме појавите на дискриминација во одредени училишта со ромската популација, вели Зибери.

Додека други општини имаат проблеми со собирањето на сметот и со администрацијата, кои се детектираат,  а како што вели Зибери ако се гледаат почесто со градоначалниците ќе се разјаснат недоразбирањата, но и ќе бидат подготвени поефикасно да ги надминат.

Ристо Пенов, Министер за локална самоуправа истакна дека ваквата соработка е добра за општините.

 -За нас искуствата на Народниот правобранител се од особена корист, затоа што е институција која директно соработува со граѓаните и ги прима нивните забелешки на нашите системски или функционални грешки што евентуално се прават во работењето и оттука и оваа работилница и Извештајот се добредојдени во креирањето и реформирањето на системот на локална самоуправа кој претстои, вели Пенов.

Работилницата е во организација на канцеларијата на Народниот правобранител и е дел од ИПА проектот „Владеење на правото“,На темите  зборуваа и  градоначалниците на Општините Свети Николе .Дејан Владев и на Пробиштип  Драган Анастасов. За работата на Народниот правобранител, на локално ниво говореше  заменик-народниот правобранител Јован Андоновски, а во дискусијата ќе се вклучија и претставници на невладиниот сектор. вдј/

Фото:МИА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан