• среда, 03 јули 2024

Во Штип одбележан 11 октомври

Во Штип одбележан 11 октомври

Штип, 11 октомври 2023 (МИА) - Делегации на државни и локални институции, политички партиии и на Општинската организација (ОО) на Сојузот на борци(СБМ)- Штип  одадоа чест на борците кои пред 82 година се бореле за слободна Македонија.

На споменикот на тврдината Исар  пригоден говор имаше и  претседателот на  ОО на СБМ- Штип, Петар Мицевски.

-Македонскиот народ ја започна тешката и крвава борба за слобода. Во вирот на таа борба не се уплашија од окупаторите, останале доследни на војната, на борбените традиции. Во 1941 година Македонија ја доживелата фашистичката окупација и најновата поделба на Македонија помеѓу Германија, Бугарија и Италија, рече Мицевски.  

Посочи дека 11 октомври е Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ и е државен празник.вдј/лв/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан