• петок, 05 декември 2025

Во Штип заврши манифестацијата „Пролетни денови на училишниот спорт“

Во Штип заврши манифестацијата „Пролетни денови на училишниот спорт“

Штип, 29 мај 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, денеска на завршниот натпревар на манифестацијата „Пролетни денови на училишниот спорт“  им оддаде признание на младите спортисти од штипските основни и средни училишта.

Манифестацијата организиран од Општина Штип и Сојузот на училишен спорт, оваа година собра околу стотина ученици, кои се натпреваруваа во различни спортски дисциплини. На свеченоста, градоначалникот Јорданов им честиташе на најдобрите екипи, со посебен акцент на одбојкарките од Општинското основно училиште (ООУ) „Димитар Влахов“, кои го освоија првото место во одбојка, и на футсал тимот од Гимназијата СОУ „Славчо Стојменски“, победници во оваа категорија. 

-Преку вакви манифестации ја негуваме спортската култура кај младите и ја поттикнуваме нивната физичка активност, што е клучно за нивниот здрав раст и развој. Учениците покажаа исклучителен спортски дух, другарство и посветеност, а тоа се вредности што треба да ги негуваме и понатаму, изјави градоначалникот Јорданов. 

Тој додаде дека со манифестацијата „Пролетни денови на училишниот спорт“, Општина Штип ја продолжува својата заложба за поддршка на младите и развојот на училишниот спорт како темел на здрави и активни генерации. вдј/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан