• недела, 21 декември 2025

Во штипските градинки се одбележува „Недела на детето“

Во штипските градинки се одбележува „Недела на детето“

Штип, 4 октомври 2023 (МИА) -  Децата од градинките во Штип ја одбележуваат „Неделата на детето“, каде со игри на отворено на детското игралиште во населбата „Осми Ноември“, дечињата од Детската градинка „Астибо“ го одбележаа детското право на спорт.

Директорот на градинката „Астибо“, Илија Митров истакна дека се негуваат сите права на децата, особено правото на спорт.

-Детската градинка „Астибо“ по повод „Неделата на детето“ организира активност по повод правото на детето на спорт, а активноста се нарекува „Ајде сите во парк“. Во оваа активност се вклучени сите дечиња од големите и средни групи и нивните родители. Ова се прави во сите клонови и населби, а денеска се наоѓаме  во населбата  „Осми Ноември“, вели Митров.

Во текот на целата недела децата се вклучени во настани со цел да ја одбележат неделата на детето. Активности има во доменот  на културата, музиката, спортот.

-Имаме различни активности,  куклени престави, како и активности од областа на музиката, културата и спортот, рече  Митров.

Светската недела на детето се одбележува секоја година, односно  првата недела од месец октомври. Ова е недела кога интезивно се зборува за правата на децата, а овие денови се и за  да бидат поттик за посериозно и попосветено продолжување со активностите за подобрување на состојбата со правата на децата. вдј/љм/

Фото: МИА 

Остани поврзан