• петок, 17 мај 2024

Во штипската населба Дузлачки рид се асфалтира улицата „8 Април“

Во штипската населба Дузлачки рид се асфалтира улицата „8 Април“

Штип, 22 септември 2023 (МИА) - Нов асфалт ќе добие улицата „8 Април“ во населбата Дузлачки рид во Штип.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешниот увид истакна дека претходно на оваа улица се менуваше водоводната мрежа.

-Овде претходно констатиравме дека жителите имале проблем со водоводната мрежа, честите дефекти и оштетениот коловоз на постоечката сообраќајница, затоа одлучивме најпрво да направиме промена на водоводната инсталација за нормализирање на водоснабдувањето, рече Јорданов.

Како и на останатите улици, и овде по промената на водоводната мрежа, улицата ќе добие и нов асфалт, а градежните активности започнаа денеска.

-Денеска започнуваме со асфалтирање на истата, затоа што, како што напоменав, коловозот беше оштетен, асфалтот претходно беше оштетен заради честите дефекти, така што нанесуваме нова асфалтна маса во вредност од нешто повеќе од еден милион денари, додава Јорданов.

Инвестицијата за промена на водоводната мрежа е 1,5 милиони денари, а заедно со асфалтирањето целиот проект е вреден околу 2,5 милиони денари. вдј/фф/

 Фото: МИА

Остани поврзан