• сабота, 27 јули 2024

Во Шкотска стапи во сила законот за заштита на правото на бесплатни производи за менструална хигиена

Во Шкотска стапи во сила законот за заштита на правото на бесплатни производи за менструална хигиена
Лондон, 15 август 2022 (МИА) - Шкотска стана првата територија во светот што донесе закон за заштита на правото на бесплатни производи за менструална хигиена. Нормативниот акт денеска стапи во сила. Тој ги задолжува општините и образовните институции да обезбедат бесплатни хигиенски производи за сите што имаат потреба од нив. Законот, првично предложен од лабуристката Моника Ленон, беше едногласно усвоен од шкотскиот Парламент во 2020 година. Според Ленон, мерката е прогресивна и пркатична. Моментално тампони, влошки и производи за повеќекратна употреба се достапни во училишта, колеџи, универзитети. бд/

Остани поврзан