• среда, 24 април 2024

Во четирите општини од кочанскиот регион пријавени 275 болни и изнемоштени кои ќе гласаат на изборите

Во четирите општини од кочанскиот регион пријавени 275 болни и изнемоштени кои ќе гласаат на изборите

Кочани, 17 април 2024 (МИА) – Вкупно 275 болни и изнемоштени лица од општините Кочани, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево се пријавиле да гласаат во домашни услови, еден ден порано од регуларниот датум за претстојните претседателски избори. Овој број е за околу една петина помал во однос на последните локални избори.

Најголем број пријави, вкупно 172, се доставени до Општинската изборна комисија во Кочани, од каде истакнаа дека во консултации со лекар специјалист ќе се разгледува поднесената документација за да се утврди дали пријавените ги исполнуваат условите за гласање во домашни услови.

-До истекот на терминот за пријавување, до нашата изборна комисија беа поднесени вкупно 62 пријави од болни и изнемоштени гласачи. При проверката на пријавите утврдивме дека едно лице не е запишано во избирачкиот список, иако имаше уредна документација, што значи дека нема да може да го оствари своето избирачко право, истакна Александар Костадинов, претседател на Општинската изборна комисија – Виница.

Во општина Чешиново Облешево поднесени се 31, а во Зрновци 11 пријави од болни и изнемоштени лица, но членовите на општинските изборни комисии сè уште ја проверуваат доставената документација за да можат да ги верификуваат пријавите.та/са/

Фото: МИА

Остани поврзан