• петок, 05 декември 2025

Во Црна Гора евакуирани две гимназии поради лажна дојава за поставена бомба

Во Црна Гора евакуирани две гимназии поради лажна дојава за поставена бомба

Подгорица, 28 ноември 2025 (МИА) – Учениците од гимназија во Подгорица и во Даниловград се евакуирани поради лажни дојави за поставена бомба.

Во Црна Гора од почетокот на неделата имаше повеќе лажни дојави за поставени бомби во средните училишта.

Изминатите неколку години дојавите за поставени бомби во училиштата се чести посебно на почетокот на школската година, но и на крајот од полугодијата. А, најчесто пријавувале малолетни ученици. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан