Во Центар за култура Неготино отворена изложба на дела од ликовниот уметник Лазар Дојчинов
- Тишината на боемската природа Акварелна симфонија, е насловена изложбата на дела од ликовниот уметник Лазар Дојчинов, што денеска беше отворена во Центар за култура „Ацо Ѓорчев" во Неготино.
Неготино, 7 мај 2025 (МИА) - Тишината на боемската природа Акварелна симфонија, е насловена изложбата на дела од ликовниот уметник Лазар Дојчинов, што денеска беше отворена во Центар за култура „Ацо Ѓорчев" во Неготино.
- На мое огромно задоволство, имам чест да ја отворам изложбата на еден исклучително талентиран кавадаречки уметник, со кого Центарот за култура години наназад остварува одлична соработка. Лазар Дојчинов е роден 1948 година во Кавадарци, во 1978 година се запишал како вонреден студент на Педагошката академија во Скопје, отсек ликовна уметност, рече директорката на културниот центар, Виолета Стојановска.
Таа истакна дека талентот што го носи Дојчинов во себе од детството, го надоградувал низ годините.
- За потоа да продолжи да ги усовршува тајните на сликарските техники кај еминентните професори Димитар Кондовски и Борко Лазески, кои претставуваат голем стимул и императив во неговото понатамошно надоградување како ликовен уметник. Од сликарските техники тој негува најголема наклонетост, опсесија и љубов кон акварелот, а од 2004 година работи акрил и масло на платно. Низ годините наназад има реализирано голем број успешни самостојни изложби во земјава и во странство, а има учествувано и на голем број групни изложби како и ликовни колонии. За својата работа има добиено голем број награди и признанија, посочи Стојановска.
Притоа подвлече дека изложбата е инспирана од креативната моќ на природата, бесконечна, непредвидлива и неповторлива, а акварелите на Дојчинов се магична хармонија од бои, совршенство пренесено на уметничкото платно. свд/сст/
Фото : МИА