Во Франција за еден ден забележани над 27.000 громови
- Најмногу удари се забележани меѓу седум и осум наутро - 114 громови во минута.

Париз, 9 април 2024 (МИА) - Во Франција за време на невремето вчера се забележани 27.056 удари од молњи и громови, соопшти опсерваторијата за урагани и бури „Кероно“.
Најмногу удари се забележани меѓу седум и осум наутро - 114 громови во минута.
Иако невремето е надминато во поголемиот дел од земјата, во 11 окрузи во Франција сѐ уште важи портокалово предупредување поради можни поплави. си/сд/
Фото: МИА архива