• петок, 22 ноември 2024

Во Флорида ќе биде забранета процедурата за промена на полот на малолетници

Во Флорида ќе биде забранета процедурата за промена на полот на малолетници

Вашингтон, 5 мај 2023 (МИА) - Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рон Де Сантис ќе го потпише предлог-законот што му го испрати локалниот државен парламент, со кој им се забранува на лекарите да препишуваат медикаменти и да вршат процедури на малолетници кои сакаат да го променат полот.

Предлог-законот, исто така, забранува користење на државните средства за промена на полот и воведува нови ограничувања за возрасните кои бараат лекарска помош за тоа.

Тоа е уште еден нацрт-закон против ЛГБТ усвоен од Законодавниот дом на Флорида додека републиканскиот гувернер Де Сантис се подготвува да ја објави својата претседателска кандидатура во 2024 година.

Нацрт-законот беше испратен до Де Сантис само еден ден пред крајот на годишната законодавна сесија. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан