• недела, 22 декември 2024

Во училиштето во карбинското село Крупиште се поставува систем на парно греење

Во училиштето во карбинското село Крупиште се поставува систем на парно греење

Карбинци, 7 октомври 2024 (МИА) - Почна поставувањето на новиот систем на парно греење во подрачното училиште во село Крупиште во Општина Карбинци, информираше денеска градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов. Тој истакна дека старите печки на дрва низ училниците во ова училиште ќе се заменат со модерен систем на греење. Проектот се реализира со пари од Министерството за образование и наука (МОН).

-Од денес почнуваме со реализација на уште еден проект кој е поврзан со образованието или основното училиште „Страшо Пинџур“ во село Крупиште. Се работи за проект кој ќе значи целосна промена на начинот или системот на загревање. Ова е еден тековен проект кој го реалзираме, финансиран целосно од МОН. Се работи за парно греење кое ќе биде целосно по принципот на загревање со пелети. Ги тргаме оние стари системи на греење со огревно дрво. Работиме тековно на реализација на ваквите проекти, изјави Паунов.

Освен училиштето во Крупиште, начинот на загревање ќе биде променет и  во подрачните училишта во подплачковичките села.

-Да напоменам дека основното училиште „Страшо Пинџур“ има девет подрачни училишта во девет населени места. Оние во делот на плачковичкиот регион ќе бидат предмет на реализација на промена на оној стар начин на загревање со огревно дрво, рече Паунов.

Проектот во подрачното основно училиште во село Крупиште чини 1.5 милиони денари, парите кои се обезбедени од Министерството за образование и наука. вдј/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан