• петок, 12 јули 2024

Во Унгарија се одржуваат локални и европски избори

Во Унгарија се одржуваат локални и европски избори

Будимпешта, 9 јуни 2024 (МИА) – Во Унгарија денеска се одржуваат локални избори и избори за унгарски претставници во Европскиот парламент (ЕП).

Право на глас на локалните избори имаат околу 7,85 милиони луѓе на 10.119 избирачки места низ земјата. Избирачките места се отворени од 6 до 19 часот.

Речиси исто толку луѓе можат да гласаат за унгарски претставници во Европскиот парламент на избирачките места во Унгарија и во 147 унгарски претставништва во странство, како и по пошта. За првпат ќе гласаат повеќе од 216.000 млади луѓе.

Изборните листи на 11 политички партии, кои ги потврди Државната изборна комисија, се во конкуренција за 21 пратеник во Европскиот парламент.

Објавувањето на прелиминарните резултати од локалните избори почнува во 20 часот, додека прелиминарните резултати од изборите за ЕП се очекуваат околу 23 часот, по завршувањето на гласањето во сите земји-членки на ЕУ. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан