• четврток, 26 март 2026

Во Украина вратени уште 22 деца и адолесценти од териториите под контрола на Русија

Во Украина вратени уште 22 деца и адолесценти од териториите под контрола на Русија

Киев, 3 октомври 2025 (МИА) – Во Украина се вратени уште 22 деца и адолесценти од териториите под контрола на Русија, во рамките на иницијативата „Вратете ги децата во Украина“, соопшти денеска шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак.

Јермак на Телеграм наведе дека сите деца се безбедни на територијата која ја контролира Украина, како и дека добиваат психолошка поддршка.

- Ја исполнуваме задачата на претседателот – да ги вратиме сите деца, порача Јермак. јт/

Фото: Јермак на Телеграм

Остани поврзан