• вторник, 26 ноември 2024

Во угостителски објекти во Гази Баба, пронајдена дрога, се точело алкохол на малолетници

Во угостителски објекти во Гази Баба, пронајдена дрога, се точело алкохол на малолетници

Скопје, 31 март 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје во содејство со трудова инспекција, синоќа во временскиот период од 23 часот до 06 часот утрово, спровеле акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на ЕВР Гази Баба во Скопје при што била пронајдена дрога, а бил послужуван и алкохол на малолетници.

-Во угостителски објект во с. Јурумлери, кај едно лице пронајдена е марихуана и лицето е лишено од слобода. Од трудова инспекција изготвен е записник за нерегистрирана дејност, поради непоседување на документација за угостителскиот објект, наведуваат од МВР.

Во угостителски објект во с. Илинден, пак, полицијата затекнала 11 малолетници, при што е утврдено дека дел од малолетниците се послужени со алкохол, за што, како што се посочува, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Од страна на трудова инспекција изготвен е записник дека дел од вработените не се пријавени согласно Законот за работни односи, стои во соопштението. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан