• вторник, 21 мај 2024

Во Турција приведени 36 лица поради наводна поврзаност со „Исламска држава“

Во Турција приведени 36 лица поради наводна поврзаност со „Исламска држава“

Анкара, 21 април 2024 (МИА) - Турските власти приведоа 36 лица поради наводна поврзаноаст со групата „Исламска држава“ во рамки на операции спроведени во четири области во земјата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Во објава на медиумската платформа „Икс“, Јерликаја посочи дека осомничените дејствувале во корист на Исламската држава со собирање средства или снабдување на терористичката организација.

„Полицијата заплени и неколку пушки и пиштоли“, рече министерот Јерликаја. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан