Во тетовскиот суд почна судењето за неисплатените плати на вработените во печатница „Напредок“
- Ова судење следува по поднесената кривична пријава од страна на вработените, кои го очекуваат судскиот проце да почне од јануари 2024 година.
Тетово, 13 октомври 2025 (МИА) - Со евидентирање на писмени докази и вештачења денеска во Основен суд Тетово почна главната расправа за неисплатени плати на поголема група поранешни вработени во печатница „Напредок“ Тетово. Ова судење следува по поднесената кривична пријава од страна на вработените, кои го очекуваат судскиот проце да почне од јануари 2024 година.
Откако на денешната расправа беа доставени писмените докази и вештачења од Обвинителство како и одбраната, судот одлучи да продолжи со сослушување на вештите лица на 10 ноември во 10 часот.
Вработените се задоволни и што конечно е почнато судењето за исплата на нивните плати.
-Ете, денеска направивме еден мал чекор, со што ветија дека ќе ги повикаат вештаците од двете страни, па да видиме, наредното рочиште е закажано за 10 ноември. И мислиме дека ќе има разбирање за нас и дека еднаш рече ќе се стави крај. Да се реши за платите да се дадат. Кој е виновен. Нека одлучи судот, затоа сме овде, изјави Живка Димовска, една од работничките со повеќе децениски работен стаж во печатница „Напредок“.
Освен кривичната пријава од страна на вработените, се води и стечајна постапка за печатница „Напредок“.ас/ар/
Фото:МИА