• среда, 24 април 2024

Во Тетово отворен регионален штаб на Движење ЗНАМ – За наша Македонија

Во Тетово отворен регионален штаб на Движење ЗНАМ – За наша Македонија

Тетово, 23 март 2024 (МИА) - Во Тетово денеска се одржа свечено отворање на регионалниот и општинскиот изборен штаб на Движење ЗНАМ – За наша Македонија. На отворањето присуствуваше и партискиот лидер како и претседателскиот кандидат Максим Димитриевски.

Носител на пратеничката листа за пратеници во Шестата изборна единица ќе биде Небојша Захариески, претседател на општинската организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Тетово.

-Поголемиот дел од овде присутните подолго време бараат од мене да застанам на некој ваков праг. Дојде тој момент, се создадоа услови, покрај мене се наоѓа идниот претседател. Ваков тим на национално ниво не бил создаден. Јасно ви е за каков тим станува збор, овие луѓе по мене сите сега имаат шанси, меѓутоа не се вклучуваа во политика бидејќи не поаѓаа од своите лични интереси. Сите луѓе се повикани, никој не се нудел или не се борел за таа работа, затоа тоа беше една од главните причини зошто и јас прифатив заедно со тимот на централно ниво и заедно со тимот долу, а тимот долу е пред мене сите вие сте тим, рече Захариески. ас/ев/

ФОТО: МИА 

Остани поврзан