• петок, 17 мај 2024

Во Тетово од утре почнува наплаќањето на три нови паркинг зони

Во Тетово од утре почнува наплаќањето на три нови паркинг зони
Тетово, 30 септември 2022 (МИА) - Тетовското јавно претријатие „Градски паркинг“ ја информира јавноста и потсетува дека од утре започнува најавеното наплаќање на паркирањето во три нови подрачја во градот за зонско паркирање. -Од утре 01.10.2022 година (сабота) започнуваат да функционираат три нови паркинг зони во градот. На улицата „Страшо Пинџур”, комплекс „Ловец” и на улицата „120а” кај зелениот пазар во Тетово. Паркинг зоните се веќе обележани и соодветно сигнализирани со поставени табли за информации. Апелираме до корисниците да ги почитуваат правилата и да вршат соодветна уплата за паркинг, за да се избегнат непријатни ситуации, односно отстранување на возилата со пајак службата, информираат од ЈП „Градски паркинг“. Воедно од оваа општинска служба информираат дека од утре, исто така, започнува и зимското работно време на паркинг зоните во градот. Од понеделник од петок зонското паркирање ќе се наплаќа од 7 до 21 часот, а во сабота од 7 до 14 часот. Недела и државни празници зонското паркирање е бесплатно. Во зона А зонско паркирање во Тетово чини 40 денари, додека во Зона Б, 30 денари од еден час и во зона Ц е 20 денари. ас/аа/

Остани поврзан