• четврток, 25 јули 2024

Во Тетово за 11 месеци за неправилно паркирање изречени 5614 мерки, од нив 3737 подигнати возила

Во Тетово за 11 месеци за неправилно паркирање изречени 5614 мерки, од нив 3737 подигнати возила

Тетово, 27 ноември 2023 (МИА) – За неполни 11 месеци годинава, заклучно со денеска Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, вкупно изрекла 5614 мерки за непрописно паркирање на возила. 

Од овој вкупен број на прекршителите им биле изготвени 2815 поднесоци и 2799 писмени опомени, додека 3736 возила биле подигнати од тетовската „пајак-служба“. Станува збор за возила кои најдиректно го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, главно во централното подрачје и најмногу во таканаречени „двојни редови“.

-До крајот на овој и во текот на идниот месец Секторот за внатрешни работи Тетово значително ќе ги интензивира активностите за поголем ред и безбедност со паркирањето во Тетово. Ова, дотолку повеќе што претстои доаѓање на времено вработените во странство што ќе придонесе за зголемување на вкупната фреквенција од возила и пешаци на тетовските и гостиварските улици, соопшти денеска портпаролот на СВР - Тетово, Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово со совет до сопствениците на моторни возила да внимаваат каде ги паркираат и особено не на тротоари, во зона на крстосници, зеленило или на други недозволени места, со потсетување патем дека глобите за погрешно паркирање се движат од 45 до 180 евра во денарска противвредност. ас/цр

Фото:МИА архива

Остани поврзан