• сабота, 21 декември 2024

Во тек реализација на проект за целосна реконструкција на главната улица во дебарската населба „Ново Коњаре“

Во тек реализација на проект за целосна реконструкција на главната улица во дебарската населба „Ново Коњаре“

Дебар, 4 октомври 2024 (МИА) - Општина Дебар го реализира проектот за целосна реконструкција на главната улица во дебарската населба „Ново Коњаре“, со што видно ќе се подобри патната инфраструктура, во оваа населба.

-Со проектот е предвидено отстранување на стариот материјал на улиците (калдрмата), изградба на атмосферска канализација, што се гради за првпат, тампонирање на улиците, поставување на ивичњаци, и асфалтирање. Исто така вклучена е и реконструкција на фекалната канализација а дополнителна активност е нивелирањето на шахтите, рече за МИА, Илдрит Бомова, од општина Дебар.

Според него, техничката документација за проектот е изготвена со финансиски средства од буџетот на општина Дебар, додека истиот се реализира со средства добиени од Бирото за регионален развој со кофинансирање на општината, а вкупната инвестиција изнесува 8,4 милиони денари.  

Оваа населба е изградена во седумдесеттите години од минатиот век и живеат неколку илјади граѓани, главно поранешни жители на селото Коњаре, по што го добила и името.

Како што изјави Бомова, жителите на Коњаре, како и жителите на другите населби во Дебар, заслужуваат уште повеќе, затоа општина Дебар ќе продолжи да се грижи во реализацијата на други инфраструктурни проекти. вт/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан