• среда, 15 мај 2024

Во тек пријавувањето за кампот за Зелено социјално претприемништво во Делчево

Во тек пријавувањето за кампот за Зелено социјално претприемништво во Делчево

Делчево, 23 јули 2023 (МИА) - Во Делчево во тек е јавен повик за учесници на кампот за млади наменет за Зелено социјално претприемништво кој е дел од проектот ТрансЗелена инспирација, финансиран од програмата Еразмус+, за партнерства од мал обем. Кампот е во организација на Центарот за одржливи практики „Природна Перспектива“, а ќе се одржи од 5 до 12 август 2023 во делчевското село Стар Истевник.

-Програмата на кампот опфаќа: интерактивни сесии за зелено социјално претприемништво; практични активности (правење на стакленик од рециклирани прозорци); утринска јога и медитација, активности за саморефлексија, спознавање на себеси преку врската со природата; и прошетки во природа, информираа организаторите

Пријавувањето за учество е во тек преку поплнување формулар кој е објавен на фан страницата „Природна Перспектива“.

-Местата за учество на кампот се ограничени, досега имаме пријави од учесници од повеќе градови, а имаме уште неколку слободни места. Затоа ги покануваме младите од Делчево и поширокиот регион да бидат дел од овој камп и да запознаат нови врсници со кои ќе можат да спознаат нови искуства, додадоа од Центарот за одржливи практики.

Проектот ТрансЗелена инспирација е партнерски проект на здруженијата „Природна Перспектива“ од РСМ и Надежда за нас од Р. Бугарија. Проектот е ко-финансиран од Европската Унија и програмата на Еразмус+ Партнерства од мал обем. Целта на проектот е да обезбеди поддршка на млади лица кои сакаат да запловат во водите на социјалното претприемништво, да реализираат сопствена идеја или иновација. Проектот нуди поддршка во форма на обуки за стекнување на основните знаења потребни за да се отпочне сопствен социјален бизнис со акцент на зачувување на животната средина. вс/вј/

Фото: Принтскрин

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан