Во тек е куса пауза на руско-американските преговори во Ријад, информира Захарова
- - Во моментов е најавена кратка пауза, по што страните ќе продолжат со преговарачкиот процес. Во таа насока имаме огромен број прашања за деталите и позициите на страните во преговорите, рече Захарова.

Ријад, 18 февруари 2025 (МИА) - Во тек е куса пауза на руско-американските преговори во Ријад, по што страните ќе ги продолжат разговорите. Ова на прес-конференција го изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
- Во моментов е најавена кратка пауза, по што страните ќе продолжат со преговарачкиот процес. Во таа насока имаме огромен број прашања за деталите и позициите на страните во преговорите, рече Захарова.
- Сакам да ви посочам дека по завршувањето на преговорите е планирана прес-конференција на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Викторович Лавров, додаде Захарова, обраќајќи се на новинарите кои ги следат разговорите во Саудиска Арабија. ссм/
фото: архива