• петок, 26 април 2024

Во тек градежните работи на спортско-рекретаивниот комплекс во велешката населба Превалец

Во тек градежните работи на спортско-рекретаивниот комплекс во велешката населба Превалец

Велес, 11 април 2024 (МИА) - Во тек се  градежните зафати за реконструкција на спортско-рекреативниот комплекс во населба Превалец во Велес. Се реконструираат спортските терени и ќе се поставува нова урбана опрема, информираат од Општина Велес.

Тие оценуваат дека активностите се одвиваат согласно предвидената динамика.Додаваат дека  по завршувањето на градежните работи и уредувањето на просторот жителите од овој дел на градот ќе добијат убаво, модерно и функционално катче за спорт и рекреација.ад/са/

Фото Општина Велес

Остани поврзан